Полицијата во Обреновац го уапсила С. Б. (26), кој е осомничен дека тешко го повредил М. М. (29), поранешен партнер на неговата сегашна девојка М. Ђ. (28).
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, инцидентот му претходела расправија која прераснала во физичка пресметка меѓу двајцата мажи.
Ситуацијата, наводно, ескалирала кога М. Ђ. земала чекан и му го предала на својот сегашен партнер. Осомничениот потоа го удрил М. М. во пределот на главата.
Од силниот удар, повредениот паднал на асфалтот и останал без свест. Тој итно бил пренесен во болница, каде лекарите констатирале тешки повреди, меѓу кои фрактура на черепот и сериозно оштетување на мозокот.
Според досегашните информации, тој се наоѓа на интензивна нега, а лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата веднаш реагирала и го привела С. Б., кому му е одреден притвор до 48 часа. Против него се води постапка поради сомнение за насилничко однесување и нанесување тешки телесни повреди.
Во меѓувреме, надлежното обвинителство го испитува и учеството, односно евентуалната кривична одговорност на М. Ђ.
Истрагата продолжува, а точните околности под кои дошло до крвавиот конфликт допрва треба да бидат утврдени.







