ПРВ.мк
Црна Хроника

„ЌЕ ПЛАТАТ СКАПО!“ Иран најави катастрофална одмазда – регионот на раб на нова војна!

„ЌЕ ПЛАТАТ СКАПО!“ Иран најави катастрофална одмазда – регионот на раб на нова војна!
Kristal

Техеран испрати жестока порака по израелските напади – одмаздата е во подготовка и, според ирански функционер, ќе биде „разорна“. Заканата доаѓа по серијата експлозии што одекнаа во повеќе делови од земјата.

Според иранската новинска агенција Fars News Agency, најмалку три силни детонации биле регистрирани во централниот дел на Иран. Експлозии се слушнале и северно и источно од Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах, што дополнително ја зголеми напнатоста.

Од израелска страна, министерот за одбрана Израел Кац изјави дека операцијата била „превентивна“ и насочена кон елиминирање на закани по националната безбедност. Тој потврди дека низ целата држава е прогласена вонредна состојба, а граѓаните се ставени во состојба на зголемена подготвеност.

Според израелски безбедносен извор, акцијата претставува координирана американско-израелска операција, планирана со месеци. Наводно, точниот датум за нападот бил утврден пред неколку недели.

Додека официјален Техеран најавува одговор што ќе има сериозни последици, меѓународната заедница со загриженост ја следи ескалацијата. Ситуацијата на теренот останува неизвесна, а секој следен чекор може дополнително да го разгори веќе вжештениот регион.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo