Во село Батинци, општина Студеничани, на 08.02.2026 година околу 02:15 часот, биле опожарени два возила – патничко „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И. (47), и товарно „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект.
Нема пријавени повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Случајот е пријавен кај јавен обвинител, а се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

















