Четири лица од Малта, двајца мажи и две жени, загинаа во среда попладне во сообраќајна несреќа на Јадранската магистрала кај Сењ, Хрватска.
Возилото, со загрепски регистарски таблички, излетало од патот и паднало во морето околу 16:20 часот на делницата од државниот пат DC8 низ селото Буница. Сите патници починале на местото на несреќата. Автомобилот бил изнајмен на аеродромот во Загреб.
Малтешкото Министерство за надворешни работи и туризам изрази сочувство до семејствата и потврди постојан контакт со почесниот конзул во Хрватска, обезбедувајќи потребна поддршка. Медиумите во Малта ја објавуваат несреќата како „шокантна“ и „тешка загуба за заедницата“.