На 26.03.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К.,,Тетекс“ од Тетово и Ф.К.,,Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.