Во објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат 65-годишен скопјанец, информира полицијата. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, по што на местото излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар.
Според информациите, мажот дошол во објектот во посета, а по кратко време бил пронајден без знаци на живот во приземниот дел кај лифтот. За настанот сведочел вработен во фирмата, кој изјавил дека претходно службено се качил на повисок кат, а потоа забележал дека се активирал алармот од лифтот.
На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, која констатирала смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.










