ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА АЕРОДРОМ: Интерпол го чекал на скопскиот аеродром - еве за што бил баран!

ДРАМА НА АЕРОДРОМ:  Интерпол го чекал на скопскиот аеродром - еве за што бил баран!
Kristal

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ на 16 декември 2025 година биле приведени три странски државјани, откако полицијата утврдила дека еден од нив се бара со меѓународна потерница, а другите двајца користеле фалсификувани патни документи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, околу 15:20 часот при влез во државата бил лишен од слобода 46-годишен државјанин на Турција со иницијали О.А. При извршената гранична проверка било утврдено дека за лицето постои активна мерка „апси“ по налог на Интерпол. По апсењето, тој бил пренесен во Полициската станица Кисела Вода, каде што е задржан за понатамошна постапка.

Неколку часа претходно, во 01:50 часот, на истиот граничен премин, полициските службеници привеле уште две лица – 26-годишен државјанин на Италија со иницијали М.Х. и 27-годишен државјанин на Кина, Ч.Л. При контролата било утврдено дека двајцата приложиле фалсификувани патни исправи, по што биле задржани во Полициската станица Гази Баба.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

FixCredit
Escape