ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата во Штип нападната: Маж се претставил како полицаец - еве какви штети направил!

Полицијата во Штип нападната: Маж се претставил како полицаец - еве какви штети направил!
Kristal

Полицијата во Штип приведе 46-годишен маж, Б.Х.Ј., кој се претставувал како полициски службеник и извршил низа криминални дејствија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал утрово околу 08:00 часот пред средно училиште во Штип, кога осомничениот одземал службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки од М.А., претставувајќи се лажно како полицаец и извршувајќи наводен претрес.

Во текот на неговото движење низ градот, тој предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“ и продолжил кон централното градско подрачје. На улицата „Сутјеска“ насилно му го одзел миленикот на жена која шетала куче, по што побегнал од местото.

По оперативни мерки, полицијата го лоцирала возилото и го привела Б.Х.Ј., при што еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Дополнително, осомничениот бил пријавен и за два други инциденти во ноќта – расправија и навреди, како и за оштетување на банкомат на улицата „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo