ПРВ.мк
Црна Хроника

БЕБЕ ПОЧИНА ВО ЖЕЖОК АВТОМОБИЛ: Таткото цел ден пиел во кафуле, неговата изјава по пронаоѓањето на детето леди крв!

БЕБЕ ПОЧИНА ВО ЖЕЖОК АВТОМОБИЛ: Таткото цел ден пиел во кафуле, неговата изјава по пронаоѓањето на детето леди крв!

Логан Кит Чувинг (30) од Алабама е уапсен поради смртта на својот едногодишен син, откако момчето било пронајдено мртво во детско седиште за автомобил во местото Бруквуд. Тој признал дека во текот на целиот кобен ден, 20 мај, пиел алкохол, соопштија властите.

„Прелиминарната истрага покажа дека детето било оставено во возилото подолг временски период“, изјави капетан Џек Кенеди од единицата за тешки кривични дела при шерифската канцеларија на округот Тускалуза.

Тој додаде дека тоа попладне температурите на воздухот биле околу 35 степени Целзиусови, а во текот на тој ден за малиот требало да се грижи таткото.

Чувинг признал дека пиел во текот на целиот ден, додека властите додадоа дека во еден момент тој излегол од куќата за да купи уште алкохол.

„Таткото изјави дека верувал оти детето спие во своето креветче“, рече Кенеди.

Според податоците од шерифската канцеларија, Чувинг е обвинет за убиство од небрежност. Истрагата за овој случај е во тек.

Најнови вести