Лука Богиќевиќ (21) од Шабац исчезнал на 19 март, а последен пат бил виден во Нови Сад.
Семејството и полицијата апелираат до сите граѓани кои имаат информации за неговата локација да се јават во најблиската полициска станица, особено во ПС Нови Сад.
Според описот, Лука на себе имал црна тренерка со капулјача, црн долен дел од тренерката со бела пруга и црвено-црни патики.
Секоја информација може да помогне во неговото пронаоѓање, па властите ги замолуваат граѓаните да соработуваат.


















