Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 42-годишен маж од главниот град, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и овозможување употреба на дроги.
При претрес во неговиот стан на улицата „Матеја Матевски“, полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и 3,4 метилен диоксиметамфетамин (МДМА). Дополнително, во домот било затекнато и друго лице на кое осомничениот му овозможил употреба на кокаин.
Јавниот обвинител веднаш поднел предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор за осомничениот, додека истрагата продолжува.