ПРВ.мк
Црна Хроника

СПАСУВАЧИТЕ НА ТЕРЕН - Пеколна сообраќајка однесе животи, меѓу жртвите и две деца!

СПАСУВАЧИТЕ НА ТЕРЕН - Пеколна сообраќајка однесе животи, меѓу жртвите и две деца!

Во Унгарија се случи една од најтешките сообраќајни несреќи во последниот период, во која животот го загубија вкупно пет лица, меѓу кои и деца, а уште неколку се повредени во исклучително сериозен фронтален судир.

Несреќата се случила во саботата, 27 јуни, на државниот пат број 3, во близина на 155-от километар кај населбата Бикабрањ, пишува „Бликк“. Според првичните информации од истрагата, во директен судир учествувале два патнички автомобили кои се движеле во спротивни насоки.

Во едното возило се наоѓале две возрасни лица и три деца. Ударот бил толку силен што две од децата починале на самото место на несреќата, заедно со возрасните во истото возило. Третото дете, и покрај напорите на лекарите, им подлегнало на повредите денес, со што бројот на жртви се искачи на пет.

Во другото возило исто така имало двајца возрасни лица, кои загинале веднаш на местото на судирот.

На терен реагирале голем број итни служби – полиција, противпожарни екипи, брза помош, како и три хеликоптери за медицинска евакуација. Поради сериозноста на несреќата и увидот што траел со часови, патот бил целосно затворен за сообраќај.

Истражните органи работат на утврдување на точните причини за несреќата, додека локалните власти апелираат на внимателно возење, особено на делниците каде што сообраќајот е интензивен и ризикот од судири е поголем.