На 06.12.2025 во 20:40 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во обложувалница во Струга непознато лице упатило закана со огнено оружје кон вработената и ѝ одзело пари, пренесува 4NEWS.mk.
Според пријавата, сторителот влегол во објектот, ѝ се доближил на вработената и со закана со пиштол ја приморал да му го предаде готовиот дневен промет.
По инцидентот, напаѓачот побегнал во непознат правец.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, а по идентификацијата на сторителот ќе следи соодветна кривична пријава.

















