Ден по вториот генерален штрајк во Србија, незадоволството на земјоделците не стивнува. Во Богатиќ, близу Шабац, протестите ескалираа кога земјоделците ја блокираа улицата со трактори, што доведе до судир со жандармеријата.
Како што јавува репортер на ТВ Нова, ситуацијата во некои моменти стана тензична, а кон полицијата беа фрлени јајца. Земјоделците изразија револт поради постапките на властите, нагласувајќи дека биле спречени да присуствуваат на земјоделскиот саем.
„Се организиравме да ги паркираме тракторите настрана и да оставиме една слободна лента, но се сретнавме со полиција и жандармеријата. Ако не можеме да бидеме на саемот, тогаш нема да го има“, изјави еден од учесниците на протестот.
Демонстрантите истакнаа дека целта била да ја покажат вистинската состојба на земјоделството во Србија, но се соочиле со полициска блокада. „На нашите деца им извадиле пендреци“, велат незадоволните земјоделци.
Според известувачот, полицијата јасно ставила до знаење дека нема да им биде дозволено на демонстрантите да се приближат до влезот на земјоделскиот саем.
„Вашите деца се тука, треба да застанете со нас, а не да им вадите пендреци. Ние сме луѓе од село, не сме од партија, не сте во право да не спречувате. Ова е наша култура, а не ваша“, им се обратил еден од земјоделците на полицијата.
Протестите во Србија продолжуваат, а незадоволните граѓани најавија дека ќе продолжат да се борат за своите права. Во исто време, студенти од Суботица тргнаа пеш кон Белград, каде што на 15 март ќе учествуваат во голем протестен собир.
Trenutno u BogOTACićima.pic.twitter.com/RJocNf6WNA— Aθαμαη ζαΓλιβλιαηςκι (@atamanzagliblje)March 8, 2025