ПРВ.мк

Ужасна несреќа по тепачка на двајца возачи ноќеска

Ужасна несреќа по тепачка на двајца возачи ноќеска
Jumbo Banner

Тепачка меѓу двајца возачи во 4 часот ноќеска на Халкидики имала ужасна завршница бидејќи редоследот на настани довел до смрт на маж и повреда на жена.

Двајца возачи се фатиле за гуша среде провинцискиот пат Неа Муданија – Сартис, на висина на Агиос Николаос Никити, бидејќи се чини дека имале недоразбирања од засега непозната причина.

Според првите информации, на местото на инцидентот се упатило полициско патролно возило. Возачот на патролното возило ги запалил светлата на патот за да им пријде полицајка на двајцата кои се расправале.

46-годишната подлицајка им пришла на двајцата возачи и додека таа се обидувала да ги смири, поминало друго впзило кое ги покосило.

ELS

Еден од двајцата возачи, на возраст од 34 години, е смртно повреден, а полицајката, мајка на четири деца, е повредена и е пренесена во болницата Папаниколау. 

Според информациите, таа има сериозни повреди на главата и кичмата и е во тешка состојба.

Возачот на возилото кое удрило во несреќниот 34 годишник и полицајката е уапсен. Според информациите, тој не конзумирал алкохол и во првите изјави во полиција рекол дека не ги видел луѓето.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран