ПРВ.мк
Балкан

УАПСЕН ДЕТСКИ ПСИХИЈАТАР: Со години ги злоставувал децата - еве што им нудел!

УАПСЕН ДЕТСКИ ПСИХИЈАТАР: Со години ги злоставувал децата - еве што им нудел!
Kristal

46-годишен детски психијатар од Осиек е уапсен и обвинет за серија сериозни кривични дела, вклучувајќи сексуално злоставување на малолетни пациенти и олеснување на консумирање дрога, соопшти полицијата.

Според истрагата, тој помеѓу 2016 и 2019 година ја злоупотребувал својата позиција во здравствената установа, недолично се однесувал кон четворица негови малолетни пациенти, ги допирал непристојно и им давал дрога.

Истрагата исто така открила дека во периодот од 2018 до 2023 година психијатарот им давал дрога и на возрасни лица – негови познаници, жени и мажи, на возраст од 35 години.

Во рамки на претрес извршен со налог од Окружниот суд во Осиек, полицијата пронашла и запленила два компјутера, мобилен телефон и значително количество дрога, меѓу кои 33 кесички марихуана (вкупно 213,9 грама), 12 таблети MDMA, хашиш, грутки MDMA, амфетамин и шприц со непозната содржина.

Детскиот психијатар е уапсен за кривичните дела: „Повреда на правата на дете“, „Непристојни дејствија“, „Овозможување на консумирање дрога“ и „Неовластено производство и трговија со дрога“.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape