Наташа Пирц Мусар, посетата на на Брисел ја искористи заактуелизирање на прашањето за проширување на ЕУ, што, според неа, не е само геополитичка неопходност, туку и морална обврска што произлегува од обврските на ЕУ.
Разговараше за пристапувањето на нови држави во Унијата со одговорната европска комесарка, Марта Кос.
По средбата, словенечката пртседтелка изјави дека тие ја делат визијата дека проширувањето кон Западен Балкан, Украина и Молдавија не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и иднината на Европа.
„Поддршката на проширувањето значи градење на посилна, побезбедна и пообединета ЕУ“, изјави европската комесарка по состанокот, додавајќи дека тоа е гаранција за стабилност за Европа и нејзиното соседство.