Чуден звук ја прекина петнаесет минутната тишина на денешниот студентски протест и предизвика паника помеѓу насобраните луѓе.
Според објавата на Инстаграм на профилот “Мој Београд”, некој пуштил звук на авион кој се руши.
Според воениот аналитичар Александар Радиќ, се работело за звучен топ, американско несмртоносно, агресивно, звучно оружје кое за цел има да ја оневозможи метата, односно, служи за онеспособување.
Информацијата дека вечерва бил искористен звучен топ беше демантирана од Министерството за внатрешни работи.
Повеќе информации за чудниот инцидент во Белград се очекуваат во наредниот период.
View this post on InstagramA post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)