ПРВ.мк

Нови апсења во Истанбул, полицијата извршила претрес на 145 локации, што се случува таму во моментов?

Нови апсења во Истанбул, полицијата извршила претрес на 145 локации, што се случува таму во моментов?
Jumbo Banner

Турската полиција денеска уапси 106 лица во Истанбул во рамките на акција насочена против учесниците во протестите по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу и високи функционери на опозициската Републиканска Народна партија (ЦХП), јави Анадолија.

Лицата биле приведени по претрес на 145 адреси на осомничени за учество во протестите од последните денови. Тие се обвинети за „непочитување на забраната за собири и демонстрации“ и „неизвршување на наредбите на безбедносните сили“.

Протестите во поддршка на Имамоглу продолжуваат и покрај забраните за собири во Истанбул, Анкара и Измир. Според турското Министерство за внатрешни работи, од 19 март до денес се уапсени вкупно 1.418 лица, вклучувајќи и 11 новинари.

Советот на Европа изрази загриженост за прекумерната употреба на сила против демонстрантите, додека Репортери без граници го осудија апсењето на новинарот од АФП во Истанбул.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран