Третата ноќ од граѓанските и студентските блокади низ Србија ескалираше во насилство – летале факели, имало судири со полицијата, а повеќе лица беа уапсени и повредени. Протестите, кои се одржаа во околу 20 градови, вклучувајќи Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац, беа поддршка за уапсените студенти, но и потсетник на трагедијата во Нови Сад.

На улиците имаше масовна полициска присутност, блокирани беа клучни сообраќајници, а во некои случаи демонстранти се судрија со возила кои се обидоа да ја пробијат блокадата. Најтешки инциденти се случија во Нови Сад и Белград – маскирани лица фрлаа факели, а граѓани оставаа ѓубре пред седиштето на владејачката СНС.

Полицијата приведе лица во повеќе градови, а повредени беа најмалку две лица. Србија влегува во уште една турбулентна фаза на граѓанско незадоволство, со барања за правда, оставки и реформи.