ПРВ.мк

Две земји на Балканот се соочуваат со недостаток на работници, нудат плати и до 3.000 евра

Две земји на Балканот се соочуваат со недостаток на работници, нудат плати и до 3.000 евра
Jumbo Banner

Хрватска се соочува со недостиг од околу 70.000 сезонски работници во секторите на туризмот, угостителството, градежништвото и трговијата оваа година, при што се очекува работниците од Босна и Херцеговина повторно да бидат најбројни, пренесува агенцијата ФЕНА.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, на крајот на минатата година најмногу странски работници во Хрватска биле од БиХ (38.100), следени од Непал (35.635) и Србија (27.988).

Хрватската стопанска комора истакнува дека сезонските работници се клучни за туризмот, кој традиционално вработува најголем број сезонски работници.

Поради економските трендови, инфлацијата и зголемената побарувачка на работна сила, платите во Хрватска постојано растат, што се одразува и на приходите на странските и сезонските работници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во февруари оваа година изнесувала 1.361 евро. Новиот Закон за странци предвидува дека странските работници не смеат да имаат пониска плата од локалните на слични позиции.

„Еден од најголемите хотелски синџири во Хрватска, кој има локации долж Јадранот, ќе исплаќа плати од 1.500 до 2.000 евра нето во пикот на сезоната. Меѓутоа, за позиции како собарки, помошни готвачи, помошни келнери, кујнски работници и сервири, платите ќе се движат од 1.000 до 1.400 евра нето“, изјавија од Хрватската стопанска комора.

Покрај основната плата, повеќето работодавачи нудат и бонуси, како и бесплатен сместување и исхрана за сезонските работници.

Со новите измени во Законот за вработување странци, Словенија исто така нуди олеснети процедури за сезонска работа, а платите во некои сектори достигнуваат и до 3.000 евра.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран