ПРВ.мк
Балкан

НОВИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА – Македонските државјани ќе можат да работат во Хрватска под овие услови!

НОВИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА – Македонските државјани ќе можат да работат во Хрватска под овие услови!
Kristal

Македонците кои ова лето ќе заминат на сезонска работа во Хрватска ќе мора да достават потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена, како и да зборуваат хрватски јазик, што се смета за основа за интеграција на странските работници.

Промените се дел од новите правила на Законот за странци, кои имаат за цел:

  • подобра контрола на странските работници,
  • намалување на нелојалната конкуренција,
  • спречување на нелегални практики.

Последици за Македонците:

  • Намалување на квотите за странски сезонски работници ќе ја намали можноста за работа на македонските граѓани за околу 30-40% во однос на минатата година.
  • За сезоната 2026, се очекува да бидат издадени околу 75.000 дозволи, наспроти 125.000 минатата година.

Зоран Кочоски од Агенцијата „Коузон“ објаснува дека промените се резултат на обврските на Хрватска како членка на Шенген зоната, а познавањето на хрватскиот јазик им дава делумно привилегиран статус на граѓаните од Балканот.

Се проценува дека годинава бројот на Македонци на сезонска работа ќе биде значително помал, тешко дека ќе се достигне минатогодишниот број од 15.680 лица.

Најбараните позиции: готвачи, келнери, слаткарки, собарки, рецепционери, аниматори и продавачи.

Хрватските работодавачи предупредуваат на раст на трошоците за работна сила, кои во последните 6-7 години се зголемени за околу 75%, па за пополнување на работните позиции вработуваат и пензионери, ученици, студенти и невработени.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo