ПРВ.мк

НЕПРИФАТЛИВО Е АКО ТАРАВАРИ СЕ ДОГОВАРА СО ДУИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

НЕПРИФАТЛИВО Е АКО ТАРАВАРИ СЕ ДОГОВАРА СО ДУИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ
Jumbo Banner

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е неприфатливо доколку Арбен Таравари како коалициски партнер во Владата е во договори со ДУИ за настап на претстојните локални избори. Мицкоски денеска изјави дека утре ќе има средба со Таравари на која ќе побара јасен одговор од него во врска со оваа тема.

„Со Таравари имаме редовна, секојдневна комуникација како колеги во Владата. Утре ќе имаме средба на која јасно сакам да слушнам дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет-шест општини каде што тој ќе оди со кандидати, ДУИ нема да има свои предлози за градоначалници. Тоа значи себепонижување како политичка партија, а второ дека ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 122 години од неговата смрт.

Мицкоски кажа дека во втората половина на месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во октомври.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран