ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Започна пријавувањето за студентски оброк – еве до кога трае рокот!

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Започна пријавувањето за студентски оброк – еве до кога трае рокот!

Министерството за образование и наука известува дека студентите можат да се пријават за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година до 5 март 2026.

Правото го имаат:

  • сите редовни студенти на додипломски студии со месечен приход под минималната нето плата,
  • студентите на постдипломски и интегрирани студии,
  • студенти на државните и приватните универзитети во земјата.

Студентите кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. За оние на кои им било прекинато правото на оброк или кои не аплицирале во претходните рокови, исто така е овозможено повторно поднесување на апликација.

Министерството ги повикува студентите да ги проверат условите и да ја искористат можноста за остварување на правото на субвенциониран оброк.

Најнови вести