Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе ја посети Кипар, по неодамнешниот напад со дрон од страна на Иран врз британската воздухопловна база во Акротири, јави агенцијата ДПА.
Од Елисејската палата соопштија дека патувањето има за цел да ја изрази солидарноста на Франција со Кипар. Макрон во пристанишниот град Пафос ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, каде ќе разговараат за регионалната безбедносна состојба и координацијата на напорите за поддршка на операции за репатријација.
Како знак на солидарност, неколку европски земји го засилија своето воено присуство во регионот, а Франција веќе распореди три од своите најголеми воени бродови за поддршка на Кипар.


















