ПРВ.мк
Топ Вести

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО ЗДРАВСТВОТО: Прва операција за колк со најсовремена навигациска технологија - еве како е изведена!

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО ЗДРАВСТВОТО: Прва операција за колк со најсовремена навигациска технологија - еве како е изведена!
Kristal

Денес на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје беше изведена првата операција во Македонија за вградување тотална протеза на колк со примена на навигациски систем.

Интервенцијата ја изведоа д-р Константос Макридис од Грција и д-р Игор Мерџаноски, директор на Клиниката и раководител на ортопедската служба, заедно со медицинскиот тим. При операцијата беше користена компјутерска навигација со 3D визуелизација во реално време, што овозможува исклучително прецизно позиционирање на протезата.

Паралелно со хируршката интервенција, дел од медицинскиот и помошниот персонал помина едукација за користење на навигацискиот систем, што ќе овозможи негова поширока примена во иднина. За денес се планирани и три операции за вградување протези на колено со навигациски систем, од кои една вклучува истовремена замена на двете колена – сложена интервенција кај пациенти со билатерална гонартроза.

Примената на оваа технологија носи значајни придобивки за пациентите, меѓу кои подобра функционалност и стабилност на зглобовите, подолг животен век на протезите, намален ризик од компликации и побрзо постоперативно закрепнување.

Со оваа интервенција, Клиниката за ТОАРИЛУЦ се позиционира како водечки центар во Северна Македонија за современа и високо прецизна хирургија на колк и колено.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape