ПРВ.мк
Топ Вести

Драма на познатата македонска планина - Спасен планинар во последен момент!

Драма на познатата македонска планина - Спасен планинар во последен момент!

Повреден планинар кој не можел самостојно да се движи е успешно евакуиран од планината Кораб во брза и координирана акција на надлежните служби, соопшти Центарот за управување со кризи.

Инцидентот бил пријавен преку бројот за итни повици 112, по што веднаш била активирана спасувачка операција преку Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово.

Во акцијата учествувале СВР Тетово, Полициската станица Маврово и ЈП Национален парк „Маврово“, заедно со ренџерите кои први успеале да го лоцираат повредениот на тешко пристапен терен.

Според информациите, планинарот бил пронајден во стабилна состојба, по што следела негова безбедна евакуација кон селото Жужње, каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека акцијата е завршена успешно, благодарение на брзата реакција и добрата координација меѓу сите вклучени служби, без дополнителни компликации.