ПРВ.мк
Топ Вести

(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: „ЛУКОИЛ“ најави ограничување на дизел - дали се чека новата цена?

(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: „ЛУКОИЛ“ најави ограничување на дизел - дали се чека новата цена?
Kristal

Компанијата „Луколил Македонија“ објави известување со кое се воведува привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси, на максимум 50 литри по возило. Мерката не се однесува на возила кои точат гориво според склучени договори со компанијата.

Во известувањето се наведува дека е забрането точење гориво во садови, туби или канистри кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди. Ограничувањето се воведува како дел од, како што наведуваат од Луколил, општествено одговорното работење со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.

Подружницата „Б.С. Прилеп 004“ на Луколил, лоцирана на патот Прилеп-Битола, е потписник на известувањето. Компанијата не соопшти дали мерката се применува во сите подружници, ниту дали очекува профитирање со задржување на горивото до утврдувањето на новите цени од Регулаторната комисија, кои ќе важат од вторник.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека инспекциските служби се на терен и ги следат состојбите, откако граѓаните пријавиле дека слични ограничувања се воведуваат и кај други компании.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo