ПРВ.мк
Топ Вести

НОВ ЗАКОН: Кој ќе го напушти кучето, повеќе нема да смее да чува миленик - ова се казните!

НОВ ЗАКОН: Кој ќе го напушти кучето, повеќе нема да смее да чува миленик - ова се казните!

Во подготовка се значајни измени на Законот за заштита на животните, кои носат далеку построг режим за сопствениците на миленици, со цел да се намали бројот на бездомни животни и да се зголеми одговорноста при нивно чување.

Според новите предлози, сопственик кој ќе го напушти својот миленик може да се соочи со трајна забрана во иднина повторно да поседува животно. Оваа мерка се воведува како една од најстрогите досега во законската рамка.

Покрај тоа, се предвидуваат и високи парични казни – до 5.000 евра за случаи на суровост кон животни, како и до 400 евра за несоодветно чување на куче.

Измените ги подготвува Агенцијата за храна и ветеринарство, која нагласува дека главната цел е системско решавање на проблемот со бездомните кучиња и воведување построга контрола над одгледувањето и сопственоста на животни.

Во пакетот мерки се предвидува и задолжителна стерилизација, како и засилена контрола врз одгледувачниците преку редовни инспекции од надлежни служби. Дополнително, секое животно ќе смее да има само едно легло годишно.

Со новите правила се забранува и неконтролирано размножување, како и продажба или подарување миленици без соодветни услови и евиденција. Исто така, се забранува држење на животни врзани без можност за слободно движење.

Предлог-законот ќе оди на јавна расправа, по што се очекува да се утврди конечната верзија на правилата што значително ќе го заострат односот кон заштитата на животните.