ПРВ.мк
Топ Вести

ФФМ со важна одлука - еве каква казна доби играчот на Башкимии!

ФФМ со важна одлука - еве каква казна доби играчот на Башкимии!
Kristal

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави детали за инцидентот на денешниот натпревар меѓу Вардар и Башкими.

Во 87. минута, гостинскиот играч на Башкими доби директен црвен картон поради плукање кон судијата, што беше потврдено и од ВАР-системот. По овој настан, службено лице на Башкими кое претходно било исклучено влезе на теренот и го провоцираше фудбалерот на Вардар, Бобан Николов, кој доби жолт картон.

ФФМ нагласува дека, заради целосна транспарентност, претставник на Башкими може во секое време да ја посети ВАР-салата, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша комуникацијата меѓу судиите и исклучениот играч.

Натпреварот беше продолжен за 10 минути, додека прикажаното време од 18 минути на ТВ-екранот било техничка грешка. На крајот, Вардар победи со 1-0 и ја зголеми предноста на табелата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo