ПРВ.мк
Свет

Зеленски жестоко ја нападна Европа како никогаш досега – говорот се претвори во жестока вербална офанзива!

Зеленски жестоко ја нападна Европа како никогаш досега – говорот се претвори во жестока вербална офанзива!
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа исклучително остар и директен говор на Светскиот економски форум во Давос, кој предизвика силни реакции меѓу присутните и во меѓународната јавност. Наместо дипломатски тон, Зеленски настапи со отворени критики кон Европската Унија, обвинувајќи ја за неактивност, одолговлекување и недостиг од вистинска безбедносна стратегија.

Зеленски го започна својот говор со споредба на состојбата во Украина со филмот „Денот на мрмотот“, алудирајќи на постојаното повторување на истите ветувања и истите проблеми.

Тој потсети дека токму во Давос, пред една година, апелирал Европа да научи како самата да се брани, но дека за тоа време ништо суштински не се променило.

„Никој не би сакал да живее така – постојано повторувајќи го истото со недели, месеци, па дури и четири години. А токму така живееме ние. Минатата година овде реков дека Европа мора да знае да се брани. Помина една година и јас повторно морам да ги кажувам истите зборови“, изјави Зеленски.

Украинскиот претседател остро оцени дека Европа „ниту се обидела да изгради сопствен безбедносен одговор“, додавајќи дека во четвртата година од најголемата војна во Европа по Втората светска војна, агресорот сè уште е на слобода.

Како контраст, тој ја наведе акцијата на САД во Венецуела, предводена од Доналд Трамп, при што венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен.

„Имаше различни мислења за тоа, но факт е дека Мадуро сега се суди во Њујорк. А Путин? Путин не се суди. Тој не само што е на слобода, туку и понатаму се бори за својот замрзнат имот во Европа“, рече Зеленски.

Во продолжение, Зеленски ја обвини Европа дека намерно ги одолговлекува кривичните истраги против Русија и ја повтори реториката на Доналд Трамп, според која Европа сака да зборува за иднината, но избегнува конкретни чекори во сегашноста.

Иако ја поздрави подготвеноста на Велика Британија и Франција да испратат трупи во поствоена Украина, Зеленски нагласи дека сè повторно се сведува на улогата на Соединетите Американски Држави.

Кулминацијата на неговиот говор беше кога директно праша зошто Европа не презема истите чекори како Вашингтон.

„Зошто претседателот Трамп може да ги запре танкерите од руската ‘тајна флота’ и да заплени нафта, а Европа не? Руската нафта поминува покрај европските брегови. Таа ја финансира војната против Украина и ја дестабилизира Европа. Ако Европа има пари, тогаш може и да го заштити својот народ. Во моментов, тие танкери му носат пари на Путин, а тоа значи дека Русија ја продолжува својата болна агенда“, истакна Зеленски.

Тој отиде чекор понатаму и предложи формирање на обединети европски вооружени сили, кои навистина би можеле да ја бранат Европа.

„Ако Путин реши да ја заземе Литванија или да ја нападне Полска – кој ќе одговори?“, праша украинскиот претседател.

Зеленски откри и дека одредени сојузници му советувале да не спомнува чувствителни теми.

„Ми рекоа да не ги спомнувам томахавк ракетите пред Американците, за да не го расипам расположението. Ми рекоа и да не ги спомнувам таурус ракетите, за да не навредам одредени европски земји“, рече тој, додавајќи дека Европа изгледа изгубено додека се обидува да го убеди американскиот претседател да се промени.

„Трамп нема да се промени. Тој сака тоа што е. Вели дека ја сака Европа, но нема да ја слуша оваа Европа“, порача Зеленски.

Во завршницата, украинскиот лидер откри дека документите за мировниот план се речиси подготвени.

„Документите за завршување на оваа војна се речиси готови. Украина работи искрено и решително, и тоа носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја запре оваа агресија“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека со Доналд Трамп разговарал и за „заштита на небото“, а говорот го заврши со симболична порака:

„Да го завршиме овој ‘Ден на мрмотот’. И да – тоа е можно.“

Настапот на Зеленски во Давос беше оценет како еден од најдиректните и најострите досега, оставајќи силен впечаток и отворајќи нови прашања за идната улога на Европа во безбедноста на континентот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo