ПРВ.мк
Свет

За 48 часа сè исчезна – драматично видео од стратешкиот морски премин ја крена тензијата до максимум!

За 48 часа сè исчезна – драматично видео од стратешкиот морски премин ја крена тензијата до максимум!
Kristal

Американската Централна команда – United States Central Command – објави видеоснимка за која тврди дека прикажува уништување на ирански воени бродови во Оманскиот Залив. Според нивната објава, пред два дена во ова подрачје имало 11 ирански пловни објекти, а сега, како што наведуваат, нема ниту еден.

Во пораката што ја придружува снимката се истакнува дека со години иранските сили, наводно, ја попречувале и загрозувале меѓународната поморска пловидба во регионот. Од таму порачуваат дека таквата практика завршила и дека американските сили ќе продолжат активно да ја гарантираат безбедноста на трговските рути.

Оманскиот Залив, заедно со Ормутски Теснец, претставува една од најважните артерии за глобалната трговија со енергенси. Секое нарушување во оваа зона има потенцијал да предизвика сериозни економски последици на светско ниво.

Тензиите во регионот веќе подолг период се во пораст, особено по директните судири и закани меѓу Иран, Израел и Соединети Американски Држави.

Снимката дополнително ја подгрева неизвесноста околу следните чекори во овој чувствителен дел од светот, каде секоја ескалација може да има далекусежни последици.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo