ПРВ.мк

ВО ЖИВО: Започна погребот на папата, го обезбедуваат 4.000 полицајци, илјадници војници и борбени авиони: Започнаа да пристигнуваат и светските лидери

ВО ЖИВО: Започна погребот на папата, го обезбедуваат 4.000 полицајци, илјадници војници и борбени авиони: Започнаа да пристигнуваат и светските лидери
Jumbo Banner

Во Ватикан денес се одржува погребот на папата Франциск

Во Ватикан утрово во 10 часот по локално време започна погребната церемонија за папата Франц, кој почина во понеделникот на 89-годишна возраст. Илјадници верници и почитувачи се собраа да му оддадат последна почит на духовниот водач.

Организаторите очекуваат околу 200.000 луѓе да присуствуваат на самата церемонија, додека се проценува дека над еден милион ќе се обидат да ја следат погребната поворка низ улиците на Рим.

Во пресрет на огромната посетеност, италијанските и ватиканските власти преземаа извонредни мерки за безбедност. Над 4.000 полицајци се ангажирани за обезбедување на настанот, а во логистичката поддршка се вклучени и илјадници војници, медицински служби и околу 4.000 волонтери.

Ватикан денес е под засилено обезбедување, со воздушни и копнени контроли, додека плоштадот „Свети Петар“ е преполн со верници од целиот свет кои дојдоа да се простат од папата Франц.

Следете го погребот на папата во живо:

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран