Во Дубаи, една од најпознатите туристички атракции – Палм Џумејра – беше погодена од ракета, при што избувна пожар во близина на луксузниот хотел „Фермонт Палм“. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ чад и пламен што излегува од областа на ударот.
Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека биле пресретнати неколку ракети насочени кон земјата, а експлозиите што се слушнале во различни делови на Дубаи веројатно биле резултат на пресретнати ракети. Сепак, една ракета успеала да ја погоди Палм Џумејра.
Палм Џумејра е едно од најпознатите вештачки острови во светот, познато по своите ексклузивни хотели, приватни вили и спектакуларен поглед на Дубаи и Персискиот Залив. Екипи за итни интервенции веднаш се на терен и ги преземаат сите мерки за гаснење на пожарот и заштита на граѓаните.


















