ПРВ.мк
Свет

БЕЛАТА КУЌА СО ЖЕСТОКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: „Иран ќе се соочи со тешки последици“ - еве што се случува

БЕЛАТА КУЌА СО ЖЕСТОКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: „Иран ќе се соочи со тешки последици“ - еве што се случува
Kristal

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи состојбата во Иран и предупреди дека може да следуваат сериозни последици доколку продолжи владината репресија. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека Трамп и неговиот тим му упатиле јасна порака на Техеран дека убиствата поврзани со задушувањето на протестите се неприфатливи.

Трамп изјави дека според информациите со кои располага, бројот на убиствата се намалува и дека во моментов нема индикации за масовни егзекуции, но нагласи дека САД внимателно ќе ја следат ситуацијата. Тој додаде дека американската администрација би била „многу вознемирена“ доколку егзекуциите продолжат.

Иако не ја исклучи можноста за воена интервенција, Трамп рече дека ќе се следи развојот на настаните, истакнувајќи дека од Иран пристигнала „охрабрувачка порака“, без да прецизира детали.

Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради падот на вредноста на иранскиот риал, а дополнително се засилија на 8 јануари по повик на Реза Пахлави. Истовремено беше исклучен интернетот, а демонстрациите во повеќе градови прераснаа во судири со полицијата, со жртви на двете страни.

Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за вмешаност, на 12 јануари соопштија дека состојбата е ставена под контрола.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo