ПРВ.мк
Свет

Трамп со закана по загубите на фронтот: „Ќе ја одмаздиме смртта на нашите војници“

Трамп со закана по загубите на фронтот: „Ќе ја одмаздиме смртта на нашите војници“
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп вети одмазда по смртта на тројца американски војници во операциите против Иран, порачувајќи дека САД ќе им нанесат „најтежок удар“ на, како што рече, терористите кои ѝ објавиле војна на цивилизацијата. Во видео-обраќање тој призна и дека е можно да има уште жртви пред да завршат операциите.

Американската војска потврди дека тројца припадници на армијата се убиени, а петмина се сериозно ранети, што се првите официјално потврдени американски жртви во актуелната кампања против Иран. Според американски извори, загинатите биле распоредени во Кувајт.

Во истото обраќање, Трамп ја опиша американската акција како масовна операција што, според него, има цел не само да ја заштити сегашната безбедност на САД, туку и идните генерации. Тој порача дека борбените операции ќе продолжат сè додека не бидат постигнати сите цели.

Оваа изјава доаѓа во момент кога конфликтот дополнително се продлабочува, а во Вашингтон веќе се отвораат и прашања дали постоеле разузнавачки докази дека Иран подготвувал непосреден напад врз американските сили пред почетокот на операцијата. Според Ројтерс, администрацијата зад затворени врати признала дека немало индиции за таков непосреден напад.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo