ПРВ.мк
Свет

Трамп со нова и кратка порака што ја крена светската јавност – што навистина се случува?

Трамп со нова и кратка порака што ја крена светската јавност – што навистина се случува?
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално потврди дека САД започнале воени операции против Иран. Во кратка објава на својата платформа Truth Social, тој соопшти дека „пред кратко време“ американските сили влегле во акција.

Во видео-обраќање, Трамп изјави дека целта на операцијата е заштита на американските граѓани преку елиминирање на, како што рече, заканите што доаѓаат од иранскиот режим. Тој оцени дека Техеран претставува директен ризик за американските интереси и безбедноста на сојузниците.

Според неговите зборови, одлуката за напад била донесена откако Вашингтон во повеќе наврати се обидел да постигне договор со Иран, но без успех. Трамп нагласи дека сега фокусот е ставен на иранските ракетни капацитети и воената инфраструктура поврзана со нив.

„Ќе ги уништиме нивните ракети и нивната ракетна индустрија“, порача тој, додавајќи дека операциите ќе продолжат сè додека заканата не биде отстранета.

Со оваа објава, тензиите меѓу двете земји дополнително ескалираат, а светската јавност внимателно ги следи следните чекори што би можеле да ја одредат насоката на конфликтот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo