ПРВ.мк

Трамп „прогледа“: „Изгледа конечно сфати дека е излажан!“ – Се подготвува жесток удар од Вашингтон

Трамп „прогледа“: „Изгледа конечно сфати дека е излажан!“ – Се подготвува жесток удар од Вашингтон
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго тврдеше дека има „посебна врска“ со Владимир Путин, доживеа целосен пресврт! Според информации на The Wall Street Journal, Трамп е подготвен да воведе нови, жестоки санкции против Русија – можеби уште оваа недела!

„Апсолутно ја разгледуваме таа опција“, изјави Трамп, коментирајќи ја можноста за економски удар врз Москва. „Убива многу луѓе. Не знам што не е во ред со него. Што, за Бога, му се случи?“ – со несвојствена жестина порача претседателот, кој досега се воздржуваше од остри зборови кон рускиот лидер.

Санкциите, според американски извори, нема да таргетираат банки, но се разгледуваат мерки што ќе го натераат Путин да попушти – вклучително и 30-дневно примирје што Украина го поддржува, но Кремљ го одбива.

Овој драматичен заокрет доаѓа само неколку дена откако Путин лично го одбил предлогот на Трамп за прекин на огнот, во телефонски разговор кој, според изворите, бил „ладен туш“ за американскиот претседател.

Во меѓувреме, Русија одговори со најмасовен воздушен напад од почетокот на инвазијата – над 350 дронови и девет крстосувачки ракети ја погодија Украина. Киев тврди: ова е одмазда за последните украински напади на руска територија.

Се руши митот за „врската“ Трамп–Путин?

Претседателот, кој ветуваше мир уште „првиот ден во кабинетот“, сега е соочен со реалноста: Путин не попушта. На прашањето дали ќе продолжи со преговорите, Трамп одговорил дека е „на раб да се откаже“ од мировниот процес – што би било преседан за неговата досегашна политика.

Според WSJ, три фактори го промениле ставот на Трамп:

Личниот шок од однесувањето на Путин. Фрустрација од украинскиот претседател Зеленски, кого го смета за „провокатор“. Разочараност од вербата дека може да влијае врз Путин лично.

Американскиот Сенат веќе подготвува закон за нови санкции, со поддршка од над 80 сенатори. Истовремено, Германија, Франција и Велика Британија најавија укинување на сите ограничувања за дометот на оружјето испратено во Украина – дозволувајќи ѝ да цели и внатре во Русија.

Трамп конечно го разбрал Путин?

Некогашните надежи за „договор со Путин“ се распарчуваат. Како што вели поранешниот амбасадор Вилијам Тејлор: „Трамп можеби конечно сфати кој е Путин. Но прашањето е – дали тоа ќе доведе до вистинска акција? Или ќе биде уште една илузија што паѓа?“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран