Ненадејното свлечиште, предизвикано од поројни дождови во северната индиска држава Химачал Прадеш, одзеде најмалку 15 животи. Автобусот беше целосно затрупан, а спасувачките екипи и локалното население се уште трагаат по преживеани. Три деца беа извлечени од под свлечиштето и се хоспитализирани.
Оваа несреќа е дел од серија екстремни временски настани кои ја погаѓаат Индија за време на сезоната на монсуни. Монсунските дождови, кои траат од јуни до септември, се важни за земјоделската економија, но истовремено носат ризик од поплави, свлечишта и уништување, особено во планинските региони како Химачал Прадеш.
Експертите предупредуваат дека порастот на екстремните временски појави во последните години ја зголемува опасноста од вакви трагични настани, особено во еколошки чувствителните хемалајски држави.















