ПРВ.мк
Свет

ШОКАНТЕН извештај од Италија – Католички свештеници злоупотребиле преку 4.000 лица!

ШОКАНТЕН извештај од Италија – Католички свештеници злоупотребиле преку 4.000 лица!

Нов скандал ја потресе Католичката црква. Според најновиот извештај на италијанската организација за заштита на жртви од злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso), во период од само пет години, речиси 4.500 лица биле сексуално злоупотребени од католички свештеници во Италија.

Извештајот, кој се базира на сведоштва на жртви, судски документи и медиумски докази, открива дека најголемиот број од жртвите биле малолетни – дури 4.451 лице било под 18 години во моментот на злоупотребата.

Податоците се шокантни:

  • 4.108 жртви се мажи,
  • 5 се монахињи,
  • 156 се ранливи лица,
  • а 11 се лица со инвалидитет.

Од вкупниот број, 1.106 жртви биле директно злоупотребени од свештеници, додека останатите страдале од монахињи, волонтери, вероучители и членови на црковни извиднички групи.

Во извештајот се наведува дека Италијанската епископска конференција (ЦЕИ) се соочува со жестока критика од Ватиканската комисија за заштита на децата, која ја обвини за недоволно сериозен и задоцнет одговор на бројните случаи на злоупотреба.

Шокантно е и тоа што од 1.106 осомничени свештеници, само 76 биле изведени пред црковен суд. Дел од нив биле преместени во други парохии, а само 18 свештеници биле отпуштени или поднеле оставка. Петмина свештеници, според извештајот, си го одзеле животот за време на истрагите.

Случајот повторно ја отвора темата за недоволната транспарентност и прикривањето на злоупотребите во рамките на Католичката црква.

Во неодамнешното обраќање до епископите, Папата Лав Четиринаесетти остро порача дека „нема да се толерира прикривање на обвинувањата за сексуална злоупотреба“ и дека Црквата мора конечно да покаже вистинска одговорност пред верниците и пред жртвите.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape