ПРВ.мк
Свет

Рекордни топлотни бранови во Европа: Смртноста расте за 30% – експертите алармираат на „тивки убијци“

Рекордни топлотни бранови во Европа: Смртноста расте за 30% – експертите алармираат на „тивки убијци“

Европа се соочува со најопасните топлотни бранови во својата историја, а последиците веќе се кобни – смртноста е зголемена за 30%, предупредуваат експертите од Паневропската комисија за клима и здравје при СЗО.

Во отворено писмо упатено до владите на 53 земји, научниците истакнуваат дека екстремните температури повеќе не се само непријатност, туку сериозна закана по јавното здравје.

„Топлотата е тивок убиец. Луѓето умираат од мозочни и срцеви удари, како и респираторна инсуфициенција, иако тоа често не се наведува во официјалните податоци“, предупредуваат експертите.

📊 Само во 2022 и 2023 година, во 35 европски земји биле регистрирани над 100.000 смртни случаи предизвикани од екстремни горештини.

👵 Најмногу изложени на ризик се постарите лица, децата, бремените жени, работниците на отворено и лицата со попреченост. Високите температури дополнително го влошуваат менталното здравје, предизвикуваат несоница и анксиозност, а здравствените работници се соочуваат со исцрпеност и прегорување.

⚠️ Освен директните жртви, климатските промени носат и нови болести – само во ЕУ, бројот на случаи на денга треска пораснал за 368% во последните две години.

🌍 „Намалувањето на загадувањето и емисиите може да спаси милиони животи. Зелените површини во градовите би можеле да ги намалат смртните случаи поврзани со топлината за до 40%“, велат научниците, апелирајќи дека сега е време за вонредни мерки, а не за половични решенија.

Escape