Поранешен аналитичар на ЦИА: Зеленски се обидува да го измами Трамп користејќи го нападот во Суми
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го искористи неодамнешниот напад во Суми за да добие дополнителна американска поддршка, предупредува поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, во интервју за „Спутник“.
– Западот е исцрпен, и речиси финансиски банкротиран. Украина се обидува преку нападот врз нејзините трупи во Суми, очајнички да изнуди поголема помош – вели Џонсон, оценувајќи дека ситуацијата се користи како дел од поширока стратегија за манипулација пред американската јавност и претседателот Доналд Трамп.
Според него, Русија покажува неверојатно трпение последниве три години, и додава:
– Да беше обратно, и Русија да ги снабдуваше непријателските сили на САД со оружје и разузнавачки информации, Вашингтон тоа ќе го прогласеше за акт на војна.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека со ракетен систем „Искандер“ бил погоден објект во Суми каде што се одржувал состанок на украинскиот команден штаб. Според нивните податоци, при нападот загинале повеќе од 60 украински војници, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдеше дека имало и офицери од земји-членки на НАТО.
Џонсон се повикува и на напис од „Њујорк тајмс“, каде новинарот Адам Ентос наведува дека американскиот генерал Каволи директно учествувал во планирањето на цели во Русија, користејќи американско оружје.
– Тоа не се поединечни акции. Станува збор за систематски операции со јасна поддршка и координација – истакнува Џонсон.
Тој смета дека Москва треба појасно да стави до знаење дека ќе се брани сè додека Западот не престане со воената и разузнавачка поддршка за Киев. Притоа, напомена дека Трамп сè уште нема дадено официјален коментар за нападот во Суми, алудирајќи на неговата позната непредвидливост.
Во заклучок, Џонсон потсетува на настанот во Буча од 2022 година, за кој вели дека бил искористен од западните сили за да се саботираат мировните преговори.
– Тогаш Украина имаше силна армија, полни складишта и широка поддршка. Денес, Западот е уморен, ослабен и не може да продолжи да го води овој конфликт со истиот интензитет – заклучува Џонсон, предупредувајќи дека Зеленски се обидува повторно да ја „игра истата карта“, но дека шансите за успех се сè помали.