Вистинска драма се одвивала во Дубаи, откако според српскиот медиум „Телеграф“, Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак Ѓоковиќ, и неговата сопруга Сашка во страв и паника ја напуштиле зградата во која живеат.
Двојката веќе извесен период живее во Обединетите Арапски Емирати, а денешната ситуација во земјата предизвика огромна вознемиреност кај жителите. Според информациите, Иран лансирал ракети кон повеќе држави во Персискиот Залив, а меѓу нив биле и Обединетите Арапски Емирати.
Противвоздушната одбрана на ОАЕ реагирала и пресретнувала дел од ракетите, но и покрај тоа во Дубаи се слушале силни детонации и сирени. Според медиумските извештаи, избувнал и пожар во хотел, најверојатно поради паднати остатоци, а настанала и сериозна материјална штета. Се споменува и една жртва.
Во таква напната атмосфера, „Телеграф“ пишува дека членовите на семејството Ѓоковиќ биле видно вознемирени и решиле веднаш да ја напуштат зградата во која престојуваат.
Засега нема официјална изјава од семејството, но веста предизвика големо внимание во регионот, особено поради фактот што станува збор за блиски членови на семејството на најдобриот српски тенисер.


















