ПРВ.мк

Нови земјотреси денес ја погодија Турција – ова се најновите информации

Нови земјотреси денес ја погодија Турција – ова се најновите информации
Jumbo Banner

Нови земјотреси ја потресоа Турција – граѓаните на Коња и Ќутахија повторно вознемирени

По серијата земјотреси што од средата го потресуваат регионот, денеска неколку нови потреси ја вознемирија јавноста во турскиот град Коња.

Според податоците на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни ситуации (AFAD), утрово нешто по седум часот бил регистриран земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран во округот Џиханбејли, а потресот се случил на длабочина од 13,15 километри, пренесуваат турските медиуми.

Во следните неколку минути, истиот регион повторно бил погоден од уште еден потрес, по што следеле неколку послаби. Земјотреси со јачина од 2,2 и 2,5 степени, како и други со пониска магнитуда, се почувствувани и денес во областа Ќутахија.

Овие случувања доаѓаат по силниот земјотрес од 6,2 степени што во средата го погоди Истанбул, по што беа регистрирани речиси 300 последователни потреси. Само во округот Симаф, во Ќутахија, вчера се забележани близу 50 нови земјотреси.

Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени, но претпазливи, додека тимовите за итна помош се во состојба на готовност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран