ПРВ.мк
Свет

Нов закон во Русија буди загриженост: Дали навистина Путин планира да го нападне НАТО и да започне трета светска војна?

Нов закон во Русија буди загриженост: Дали навистина Путин планира да го нападне НАТО и да започне трета светска војна?

Русија подготвува закон со кој на претседателот Владимир Путин би му се овозможило полесно да испраќа војска во странство под изговор за заштита на руските државјани.

Државната Дума веќе го усвои предлог-законот во прво читање, а со него се предвидува значително проширување на овластувањата на претседателот за употреба на руските вооружени сили надвор од границите на државата.

Според документот, руската војска би можела да интервенира во случаи кога руски државјани се уапсени, притворени или предмет на судски постапки во други земји, па дури и пред меѓународни судови чиешто влијание Москва не го признава.

Доколку законот биде целосно усвоен, Путин ќе може да наредува воени операции во странство во ситуации што се оценуваат како „прогон“ на руски граѓани.

Во меѓувреме, од Западот и НАТО пристигнуваат сè почести предупредувања за можни агресивни потези од страна на Русија. Дел од аналитичарите сметаат дека земјата веќе е во рана фаза на подготовка за поширок конфликт, посочувајќи на зголемено воено присуство, активности долж границите и различни безбедносни инциденти во Европа.

Законот треба да помине уште две читања пред конечно усвојување, но веќе предизвикува реакции дека може да создаде нова правна рамка за побрзи и почести воени интервенции надвор од Русија.