ПРВ.мк

Италија нема да може да го изврши налогот за апсење на Путин дури и доколку дојде во Рим, според медиуми

Италија нема да може да го изврши налогот за апсење на Путин дури и доколку дојде во Рим, според медиуми
Jumbo Banner

Италијанското Министерство за правда не успеа да го спроведе налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС), пишува весникот Corriere della Sera.

Ваквата информација се појави откако претходно западните медиуми коментираа дека на погребот на папата Франциско во Рим, на кој се очекува присуство на голем број светски челници главно од западните земји, нема да присуствува рускиот претседател Владимир Путин поради налогот за негово апсење издаден
од МКС поради наводното насилно одведување на украински деца од областите во кои се водеа борбени дејствија во Русија. Как што објави претходно во четвртокот Кремљ, со одлука на Путин, Русија ќе биде претставена од министерката за култура Олга Љубимова

„Италијанскиот министер за правда не презеде никакво дејство за спроведување на налогот од 17 март 2023 година. Оттогаш, пресудата на хашките судии е заглавена во канцелариите на министерството, а (министерот за правда – з.р.) Карло Нордио не ја достави до државниот обвинител на Рим за да може да биде испратена до Апелациониот суд, за да стане (налогот) извршен. Со тоа ова парче хартија е без никаква правосилнсот“, се наведува во написот на најтиражниот италијански дневен весник.

Медиумите постапките на италијанското Министерство за правда ги нарекуваат политичка одлука, истакнувајќи дека истото се случило и со налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Италијанската влада јасно стави до знаење дека смета дека шефовите на држави и влади се заштитени со имунитет, што ги штити од тужби, барем додека се на власт“, ​​се наведува во написот на Corriere della Sera.

На 17 март 2023 година, Советот за претходна постапка на МКС издаде налог за апсење на Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова. Судот ја обвинува руската страна, меѓу другото, за „депортирање“ деца, но Москва возврати дека станува збор за регуларна хуманитарна операција задолжителна со меѓународните закони со кои се евакуираат цивилите и децата од областите зафатени со воени дејствија. Притоа, Русија повеќепати истакнува дека е во контакт со украинската страна и дека досега се вратени стотина деца на кои ќе се пронајдат родителите или законските старатели во Украина. Меѓутоа, Москва предупреди и на случаите регистрирани во западните медиуми кога украински граѓани со лажни документи за старателство ги земаат овие деца и ги даваат за нелегални посвојувања надвор од Украина.

Како што и денеска изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, прашањето на МКС за „апсењето“ на претседателот Путин е неприфатливо, Москва како и САД, впрочен и Украина која пред една година изрази вклучвуање во повелбата за основање на Судот, не ја признава нејзината јурисдикција, а сите судски одлуки се ништовни од правен аспект.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран