ПРВ.мк
Свет

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: ЕУ воведува ново задолжително стоп-светло за сите нови автомобили!

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: ЕУ воведува ново задолжително стоп-светло за сите нови автомобили!
Kristal

Европската Унија воведува ново безбедносно правило кое ќе го промени начинот на кој автомобилите сигнализираат опасност. Од 7 јули оваа година, сите нови патнички и лесни комерцијални возила што се продаваат во ЕУ ќе мора задолжително да имаат специјален систем за итно сопирање со трепкачко стоп-светло.

Целта на новата мерка е јасна – побрзо предупредување на возачите зад вас и спречување на судири при нагло сопирање. Кога возилото ќе забави силно при брзина над 50 километри на час, стоп-светлата автоматски ќе почнат интензивно да трепкаат, сигнализирајќи сериозна опасност на патот.

Доколку возилото целосно застане по вакво нагло сопирање, системот сам ќе ги активира предупредувачките трепкачи, додека стоп-светлото ќе остане вклучено. Без овој систем, новите автомобили повеќе нема да можат да добијат хомологација и да се продаваат на европскиот пазар.

За разлика од сегашниот систем, каде стоп-светлата светат секогаш при сопирање, новата технологија јасно разликува нормално од итно сопирање, со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Важно е да се напомене дека правилото важи само за нови возила – сопствениците на постојните автомобили нема да мора да прават никакви измени.

Оваа новина е дел од поширокиот пакет безбедносни мерки на ЕУ, кој вклучува и автоматско сопирање во итни случаи, асистенција за лента, паметен ограничувач на брзина и системи за следење на заморот на возачите – чекор поблиску до побезбедни европски патишта

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo