ПРВ.мк
Свет

Глобалната сцена се тресе: Моќна сила јавно избра страна и испрати директна порака до Вашингтон и Тел Авив!

Глобалната сцена се тресе: Моќна сила јавно избра страна и испрати директна порака до Вашингтон и Тел Авив!
Kristal

Во екот на продлабочениот конфликт на Блискиот Исток, Кина отворено застана во одбрана на Иран. Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во телефонски разговор со иранскиот министер Абас Арагчи нагласил дека Пекинг го поддржува Техеран во заштитата на својот суверенитет, безбедност и територијален интегритет.

Според кинеските медиуми, пораката била јасна – Кина стои зад својот долгогодишен партнер и ги смета неговите чекори за легитимни во услови на, како што оценува, надворешен притисок. Истовремено, Ванг упатил повик до Соединети Американски Држави и Израел веднаш да ги прекинат воените активности и да спречат дополнителна ескалација.

Во разговор со министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, кинеската страна ги обвини Вашингтон и Тел Авив дека со своите потези ја продлабочуваат кризата и ги нарушуваат принципите на Повелбата на ОН.

Пекинг најави дека е подготвен да оди чекор понатаму и да преземе поактивна дипломатска улога, вклучително и преку Советот за безбедност на ОН.

Со ваквата позиција, Кина испраќа силен геополитички сигнал дека кризата повеќе не е само регионална, туку добива димензии што можат да го променат глобалниот баланс.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo