ПРВ.мк

Германија ја пушта Украина да удира по Русија – па веднаш деманти: ‘Нема нов договор!‘

Германија ја пушта Украина да удира по Русија – па веднаш деманти: ‘Нема нов договор!‘
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја шокира јавноста со објава дека Украина сега може да го користи западното оружје без ограничувања на дометот – дури и за напади на воени цели во Русија! Но само неколку часа подоцна, следеше ладен туш: „Нема промена на курсот“, изјави неговиот заменик Ларс Клингбајл од редовите на СПД.

Мерц јасно порача дека Германија, заедно со Франција, Велика Британија и САД, повеќе не ги ограничува ударните способности на Украина. Овој драстичен заокрет, според него, е одговор на најголемите дронски напади на Русија од почетокот на војната, но и на целосниот неуспех на мировните иницијативи.

– Земја што може да се брани само на сопствена територија не е адекватно заштитена – изјави Мерц.

Но, додека траеа аплаузите од проукраинските кругови, вицеканцеларот Клингбајл излезе со сосема спротивна порака: „Не постои нов договор, ниту нова одлука – германската политика останува иста.“

Прашина повторно крена и чувствителното прашање за германските ракети Taurus, со домет од 500 километри, кои би можеле да стигнат дури до Москва. Мерц не ги спомена директно, но владата најави дека повеќе нема јавно да коментира детали за воената помош.

И додека едниот лидер зборува за слобода во ударот, другиот негира се – германската јавност, Европа и Русија остануваат во неизвесност: дали ова е почеток на нова ера во поддршката на Украина или само политичка збрка со опасни последици?

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран