ПРВ.мк

Франција планира да ја признае Палестина

Франција планира да ја признае Палестина

Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци, изјави денес претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Тој нагласи дека тоа би можело да се случи веќе на конференцијата на Обединетите нации посветена на решавање на конфликтот помеѓу Израел и Палестинците која ќе се одржи во јуни оваа година во Њујорк.

„Мораме да тргнеме кон признавање (на палестинската држава) и тоа ќе го направиме во наредните месеци. На конференцијата на ОН можеме да го финализираме взаемното признавање (на палестинската држава) со повеќе други држави. Ќе го направиме тоа“, изјави Макрон во интервју за ТВ France 5, пренесува дневниот лист Монд.

Франција долго време го поддржува решението за две држави за израелско-палестинскиот конфликт, дури и по нападот на палестинската група Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Vero
Agria